Голем пех и за Вардар и за напаѓачот Илчо Наумоски, се случи во осмата минута од дербито меѓу градските ривали Работнички и Вардар. Напаѓачот на „црвено-црните“ и поранешен македонски репрезентативец во еден дуел на половината на противникот, ја скрши ногата.
Со возило на Брзата помош Наумоски е пренесен во болница, а веројатно долго ќе паузира и нема да може да му помогне на Вардар во битката за титулата.
Мечот е во тек, а по првиот дел е нерешено 1-1. Поведе Вардар по одличната комбинација на Гроздановски и Бујчевски, по која Јасир Асани погоди за 0-1 и водство на лидерот. Предноста на „црвено-црните“ од 37 минута ја анулира Борче Маневски со погодок во самиот финиш на првиот дел.
Стефан Вујчиќ упати силен удар од далечина, Захов ја одби топката, а Маневски лесно реализираше за 1-1 по првите 45 минути.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


