-Тетка ми дојде до мене, ме погледна и ми кажа: „Твоето девојче си замина“, вака ја раскажува Робин приказната за девојчето кое штотуку го родила.
Чекала 25 минути и немало никаков знак на живот, тогаш се помирила со судбината.
Болничкиот персонал го изнело бебенцето од собата, за по неколку минути да настане целосен пресврт.
Дотрчала една од медицинските сестри која од возбуда не можела да дојде до збор. Неколку секунди подоцна пристигнала и друга сестра, која успеала да се прибере и на несреќната мајка да и каже: „вашето дете почна да диши“.
Сево ова се случило 28 минути по породувањето и сите експерти, вклучително и болничкиот хирург, тврдат дека ова е чудо.
-Хирургот ми рече претходно дека немале веќе што да сторат, а откако тој се завртел, детето почнало неочекувано да диши – вели пресреќната мајка Робин, чијашто ќеркичка е тешка околу 4,5 килограми.
Поради целата оваа ситуација девојчето ќе го крстат Мирикл, што во превод значи чудо.
Мирикл сега успешно закрепнува од критичната ситуација на неонаталното одделение во болницата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Видео од кое заледува крв: Поп го испушта бебето од раце сред крштевка
-
Лора и Филип го чекаат своето прво дете: Сузана Турунџиева не го откри полот на бебето
-
Ако сте родиле машко бебе имате поголема шасна да страдате од постпородилна депресија
-
Секунда до трагедија: Бебе летна од рацете на мајка си кога до нив експлодирала гума (видео)