Македонската Влада направи повеќе предлози како да се зголемат квотите во државните универзитети, за да се зголеми бројот на дипломирани инжинери од полето на информатичко-комуникациските технологии.
Ова го истакна министерот за информатичко општество и администрација, Иво Ивановски, за телевизија Алфа.
-И покрај тоа што е зголемен бројот на студенти, се уште под Агенцијата за вработување можат да се најдат малку невработени инжинери. Сѐ уште има голем интерес за Република Македонија од компании кои сакаат да инвестираат во информатичко-комуникациските технологии. Имаме најава дека доаѓа британската Ендава, компанија која што е гигант. На почетокот ќе отвори 400 работни места. Тука е Дојче телеком кој ќе отвори нас 1000 работни места во период од 4 години. Тие го ценат квалитетот на нашиот образовен систем, рече министерот.
Целото негово гостување и многу информации во оваа насока, проследете во продолжение, од прилогот на телевизија Алфa.
)
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.