Светскиот издавачки бренд ГВ Педиа го носи брендот „Best of“ во Македонија преку публикацијата “Best of Macedonia” во која се објавуваат најзначајните современи достигнувања, културни и уметнички знаменитости на земјата, како и приказните за најуспешните индивидуалци, организации и компании во земјата. Со ова Македонија се вклучува на групата од 50 земји каде публикацијата е веќе издадена, а книгата ќе биде и дел од пошироката публикација „Proudly Europe“.
„ Global Village Partnerships бара области кои се во развој и имаат вредни и исклучителни приказни кои вреди да се споделат преку меѓународна платформа. Македонија е една таква земја, земја во развој со разновидна, но недокажана историја. “ вели Свен Боерместер, основач на Global Village Partnerships и издавач на публикацијата.
Во прилог на печатеното издание, книгата во електорнски формат се објавува и на страната на www.GVPedia.com каде што милиони посетители од целиот свет ќе имаат пристап до содржините.
„Книгата се издава на англиски јазик и на тој начин се прави достапна за читатели од различни земји. Веќе правиме претселекција на содржините, личностите и компаниите кои ќе се најдат во изданието за Македонија. Целта е да се издаде книга која ќе биде репрезентативна за земјата и на она што има да го понуди на културен, уметнички и бизнис план“ – вели Елеонора Венинова, уредник на книгата за Македонија.
„ Ова се приказни за најдоброто од Македонија – компаниите и организациите кои ќе бидат претставени во книгата се вистински водачи во нивната област. Резултатот е исклучителен корпоративен подарок и ПР/Маркетинг алатка за владите, корпорациите, хотелите, мажи и жени од различни профили кои создаваат водечки услуги и производи во регионот“ – додава Боерместер.
Македонија е трета земја од Балканот која ќе биде застапена со своја публикација. Вакви книги веќе се подготвуваат во Албанија и Србија, а од европските земји веќе се издадени книгите за Белгија (две изданија), Данска, Велика Британија и други, а во јуни ќе биде промовирана и книгата “Best of Paris”. Освен во Европа, публикациите се издаваат и во Африка, Азија и Америка, а најтиражни засега се книгите од африканските земји, каде ваквите публикации се издаваат секоја година.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шумската мафија годишно заработува и до 25 милиони евра (видео)
-
Македонците ќе имаат најкраток работен век во Европа
-
Промоција на книгата „Конзерваторско-реставраторски методи и третмани на Охридската збирка икони“од Ангелина Поповска
-
Македонија го започнува процесот на скрининг за преговорите со ЕУ