Незадоволството на играчите на Барселона поради работата на тренерот Херардо Мартино кулминираше во саботниот пораз од Ваљадолид, па така се поизвесно е дека Аргентинецот ќе ја напушти клупата на каталонскиот клуб.
Иако, каталонскиот клуб неколкупати тврдеше дека сака да го задржи актуелниот тренер до истекот на договорот, односно до летото 2015 година, сепак информациите кои доаѓаат од Шпанија велат дека истовремено со изјавите за задоволство од работата на тренерот, раководството од „Камп Ноу“ работело на изнаоѓање замена за Мартино.
Како еден од најсериозните кандидати за нов тренер на Барселона се споменува Јирген Клоп од Борусија Дортмунд.
Столчето на Мартино сериозно е разнишано по последните слаби резултати во Примера, а по последниот пораз од Ваљадолид ривалите за титулата Реал и Атлетико од Мадрид веќе се одлепија на четири, односно три бода.
Што се однесува до видувањето на Мартино на целата ситуација, тој изрази голема желба да остане на „Камп Ноу“ и да го врати клубот на победнички патеки.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


