| четврток, 6 декември 2018 |

Иванoвски: Македонија на 37. место по електронска економија

ivo

На денешната втора конференција за современ маркетинг во Македонија, на која се дискутираа најновите трендови во маркетингот на глобално ниво, министерот за информатичко општество и админситрација Иво Ивановски истакна дека Македонија по електронската економија или е-БДП е рангирана на 37. место, од вкупно 65 анализирани земји, според „Бостон консалтинг груп“.

Вакво рангирање, како што нагласи ресорниот минситер, е направено првпат преку студија базирана на една нова технологија, е-фрикција.

– На самата студија беа презентирани 65 земји и можеше да се види дека земјите што се наоѓаат во најнапредната група, односно каде што нема фрикција и каде што нема отпор за развојот на интернетот, електронската економија или е-БДП е двапати поголема од оние земји што имаат висок коефициент на е-фрикција – истакна министерот Ивановски.

Според анализата на „Бостон консалтинг груп“, Македонија најголем напредок бележи во инфраструктурата и се наоѓа на 27. место.

– Инфраструктурата е основен двигател на интернетот, за нас ова е голем успех и ќе продолжиме да инвестираме во инфраструктурата, ќе продолжиме да ги подобруваме можностите за приватниот сектор да инвестира во инфраструктурата, за да можат граѓаните на Република Македонија активно да бидат вклучени во новото дигитално време, а со тоа да им се овозможи на малите и на средните компании поактивно да присуствуваат во рекламирањето преку интернет – рече Ивановски.

Според „Бостон консалтинг груп“, како што нагласи ресорниот министер, до 2016 година електронската трговија треба да достигне сума до 4,2 трилијарди долари само во Г20 земјите.

– Очекувам преку денешната конференицја која „Гугл“ ја прави со ГоуКлик  нашите компании да се запознаат од прва рака со најновите трендови и да можат истите да ги искористат за развојот на  домашниот бруто-производ, односно за е-БДП – потенцираше Ивановски.

Според ДЗС, минатата година речиси 100 отсто од компаниите во Република Македонија користеле интернет, но, како што истакна Ивановски, бројот на компании коишто имаат веб-страници е помал, односно дека само најголемите компании имаат веб-странци и е-трговија.

-Ние на неколкупати направивме проекти со коишто им овозможивме на граѓаните да аплицираат до Министерството за информатичко општество и админситрација за да има напарвиме бесплатно веб-страници за да можат да продаваат услуги, но морам да кажам дека јас лично би сакал да видам што е можно повеќе компании присутни на интернетот, затоа што со тоа нема веќе физички граници и нивните производи можат да се продаваат секаде низ светот – нагласи тој.

На конференција за современ маркетинг во Македонија присуствуваа и претседателот на стопански комори Саша Огненовски, а свои предавања и работилници имаа Давид Гојо, стратег за развој во Google Adriatic од Даблин и Лука Нахбар Цвикел, меѓународен проект менаџер во Goclick – Словенија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top