| четврток, 6 декември 2018 |

И во Македонија има фудбалски мајстори, Пандовски и Куртиши во стилот на Роналдо и на Бекам (видео)

И во Македонија има одлични фудбалери, а со прекрасни голови од слободен удар, мајсториите на зелениот терен ги потврдија Александар Пандовски и Менсур Куртиши. На дуелот од последното коло во македонската Прва лига меѓу Еуромилк и Шкендија, двајцата играчи на велемајсторски начин погодија од слободен удар.

Прво Пандовски со ефе ја погоди мрежата на голманот на Шкендија Јовановски за водство на Еуромилк од 2-0, а потоа возврати Куртиши со прекрасен гол во стилот на Роналдо и на Бекам. Мечот заврши со победа на Еуромилк од 2-1, а вреди да се погледнат головите на Пандовски и на Куртиши.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top