| четврток, 6 декември 2018 |

ДИК до Македонците во странство: Заврши пријавувањето за Претседателските, во тек е за Предвремените парламентарни избори

dik2014 (16)Државната изборна комисија ги известува државјаните на Република Македонија кои се на привремена работа или престој во странство дека заврши пријавувањето за гласање на Изборите за претседател на Република Македонија на 13.04.2014 година.

Државјаните на Република Македонија кои се на привремена работа или престој во странство за гласање на предвремените Парламентарни избори 2014 може да се пријават од 6 до 30 март 2014 година.

Од ДИК ги информираат државјаните на Република Македонија кои се на привремена работа или престој во странство дека пријавата за гласање на Изборите за претседател на Република Македонија не важи и за Предвремените парламентарни избори. Доколку сакаат да гласаат на Предвремените парламентарни избори на 27.04.2014 година доставуваат нова пријава.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top