| четврток, 6 декември 2018 |

Насилно сопрен „битолскиот“ воз, „Чкембари“ во контраофанзива дивееја во населба Лисиче

Проблематичните ситуации во режија на навивачките групи во Македонија не сопираат, а синоќа околу 20 часот по дербито меѓу Вардар и Пелистер се случи инцидент во скопската населба Лисиче. Возот во кој биле гостинските навивачи од Битола бил нападнат со тврди предмети и насилно сопрен со истрели од огнено оружје, а одговориле и „Чкембарите“ со контраофанзива.

Напаѓачите побегнале, а потоа свое „шоу“ имале битолските навивачи. Настрадале неколку возила и куќи на улиците „Мите Богоевски“ и на булеварот Србија“. Ситуацијата брзо била ставена под контрола, а полицијата најавува казнени мерки за учесниците во инцидентот.

Дербито меѓу двата вечни ривали во македонскиот фудбал заврши мирољубиво, 1-1.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top