| четврток, 6 декември 2018 |

Нема победник на големото македонско фудбалско дерби

vardar-pelister-2

фото: Ѓорги Личовски

Нема победник на мечот меѓу Вардар и Пелистер. Тие на  арената„Филип Втори“ во Скопје одиграа нерешено. Мечот од  големото дерби на 21. коло од Првата фудбалска лига го следеја околу 4.000 гледачи. Прв победи тимот на Пелистер, со погодокот во 5. минута беше Петар Љамчевски.

На четири минути пред крај на првото полувреме Вардар изедначи. Судијата Димитар Мечкаровски досуди пенал по фаулот на Елмазовски над Петров.

Вардар на стартот на второто полувреме остана со фудбалер помалку откако Цикарски заработи директен црвен картон заради остар старт над Анастасов. Во 58. минута мечот на кратко беше прекинат заради димната завеса на теренот како резултат на „огнената“ кореографија на „Комитите“.

vardar-pelister-22 vardar-pelister-21 vardar-pelister-20 vardar-pelister-19 vardar-pelister-19 vardar-pelister-17 vardar-pelister-16 vardar-pelister-15 vardar-pelister-14 vardar-pelister-9 vardar-pelister-10 vardar-pelister-11 vardar-pelister-13 vardar-pelister-8 vardar-pelister-7

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top