| четврток, 6 декември 2018 |

Германските туристи ја открија Македонија

makedonija turizam

Од 2012 до 2013 година бројот на германските туристи во Македонија е зголемен од 12.000 на 30.000. Со атрактивен промотивен материјал на годинашниот саем за туризам во Берлин се сака ова да се повтори и следната година, пишува Дојче веле.
Дека вреди редовното претставување на најголемиот светски саем за туризам (ИТБ) во Берлин, најексплицитно потврди искуството на Македонија. За само две години бројот на германските туристи кои ја посетиле земјата е зголемен за два и пол пати. Или погледано низ бројки, од 12.000 Германци кои престојувале во Македонија во 2012, бројот минатата година скокнал на 30.000.

-Со тоа, Германија на ранг листата на странски гости се искачи на 9-то место. Доколку ваквиот тренд продолжи, ова ќе значи дека наредната година Германија ќе се најде на второто место на листата на странските посетители, на која моменто челната позиција ја има Турција со 72.000 гости, по што следуваат Грција и Србија. Ланската презентација во Берлин секако придонесе за ваквиот квалитативен скок на бројот на германските посетители, а свое влијание имаа и директните авионски летови од повеќе германски градови -Дизелдорф, Берлин, Минхен, кон Македонија и субвенциите кои ги дава државата, вели за Дојче веле Кристијан Џамбазовски, директор на Државната агенција за поддршка и промоција на туризмот, кој заедно со неколку македонски агенции до денеска ја претставува туристичката понуда на Македонија во Берлин.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top