Денеска околу пладне во центарот на Прилеп загина 45-годишнен мотоциклист. До несреќата дошло кога на крстосницата на улиците „Димо Наредникот“ и „Сотка Џигиџиќ“, во близина на Основниот суд, се судриле возилото „пежо 307“, управувано од 26-годишниот С.М. и мотоцикл, управуван од 45-годишниот В.З.
Од силниот удар мотоциклистот се здобил со тешки телесни повреди во пределот на главата поради кои починал.
Полицијата врши увид.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


