| четврток, 6 декември 2018 |

Вардар го декласира Ловќен со 18 гола разлика (41-23)

Вардар рутински го победи Ловќен со 41-23 на гостувањето во Цетиње и остана во игра за пласман на фајналфор турнирот во СЕХА лигата.

Дилеми околу победникот немаше во ниту еден момент, а македонскиот шампион ја потврди разликата во класа уште по првиот дел што го доби со 23 – 8. Во продолжението гостите само ја зголемија разликата на конечни +18 во Цетиње и ја птрекинаа мини серијата од два порази во СЕХА лигата.

Раковиќ беше најефикасен со 11 гола, Марковиќ постигна 9, а кај домаќините кои играа ослабени без неколкумина првотимци се истакна Радовиќ со 5 гола.

Вардар по триумфот во Цетиње се проби на третото место со 31 бод, зад лидерот Загреб со 37 бода и Татран Прешов со 36.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top