| четврток, 6 декември 2018 |

Повик до дијаспората да се пријави за гласање

glasanje-480x320

Обединетата македонска дијаспора поведе кампања за поголем одѕив при гласањето на македонските државјани во странство на претстојните претседателски и предвремени парламентарни избори во април.

– Гласањето на избори е демократско право, но, исто така, и демократска обврска, не само за луѓето во државата, туку и за тие во дијаспората. Поради тоа решив да дојдам, да се пријавам за гласањето и на денот на изборите да го дадам мојот глас – изјави Жикица Паговски, претставник на ОМД за реонот на Вашингтон, кој се пријави за гласање во амбасадата во главниот град на САД. Претседателот на ОМД, Мето Колоски, ги повика сите граѓани што живеат во странство да се пријават за гласање, во дипломатските претставништва или преку интернет-страницата на Државната изборна комисија: http://www.sec.mk/index.phpoption=com_content&view=article&id=218:prijava&catid=33&Itemid=1278&lan =mk .

ОМД воедно побара од македонските партии во идина да се постигне решение за дијаспората да може да гласа и преку интернет, за да се олесни гласањето. На овие избори гласањето е возможно само во дипломатско-конзуларните претставништва, но не и во клубовите и организациите на македонската дијаспора. Димитар Насев од Лос Анџелес вели дека нема можност да гласа бидејќи најблискиот конзулат е дури во Чикаго.

– За заедницата во Лос Анџелес, зборувам во мое име, а верувам и во име на другите што живеат таму, гласањето е сè уште тешко изводливо бидејќи не постои начин да се гласа преку пошта или електронски. Најблискиот конзулат е во Чикаго, на 3.300 километри оддалеченост. Тоа е далечина како од Скопје до Лисабон – изјави Насев.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top