| четврток, 6 декември 2018 |

Ѓуровски: Имаше и грешки, но покажавме победнички дух

Македонија одигра солиден меч против Летонија, а победата дојде како плод на подобрата игра и победничкиот дух на сите наши репорезентативци што настапија вечерва, вели селекторот Бошко Ѓуровски.

Задоволен сум од резултатот. Најважна е победата, иако имавме осцилации во играта. Добро е што одигравме квалитетна контрола и што играчите покажаа победнички дух“, изјави на прес-конференцијата Ѓуровски.

Играта во првиот дел беше мошне солидна, Македонија играше агресивно, многу офанзивно и убаво за око, а во вториот дел имаше и грешки, особено во одбраната.

„Од првото полувреме може да бидам задоволен. Игравме агресивно, доволно офанзивно. Но, во второто полувреме игравме деконцетрирано. Индивидуалните грешки ќе мора да ги сведеме на минимум во иднина, но пред нас се и подготовките во мај, па мислам ќе бидеме максимално подготвени за стартот на квалификациите“, додаде Ѓуровски.

Победата против Летонија е прва во деби мечот и за новиот селектор, а вистинските искушенија и за Ѓуровски и за репрезентацијата на Македонија почнуваат во септември. За тогаш е закажан стартот на новиот квалификациски циклус за пласман во Франција на ЕП 2016 година. Со нас во група се Шпанија, Украина, Словачка, Белорусија и Луксембург.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top