Македонија ја победи Летонија со 2-1 во пријателски меч одигран вечерва во Скопје на националната арена „Филип Втори“, што значи и успешно деби на новиот селектор Бошко Ѓуровски.
Двата најзначајни моменти со кои дојдовме до триумф се случија во 29. минута кога Јован Костовски погоди за предност од 1-0, по прекрасниот продор на Иван Тричковски и во 71. минута кога Агим Ибраими од пенал ни донесе победа. Претходно Даниел Георгиевски беше соборен во казнениот простор на Летонците, а судијата Емини од Албанија покажа на белата точка.
Георгиевски лесно можеше да биде трагичар на мечот, по автоголот од работ на шеснаесетникот, во 65. минута, по кој Летонија израмни на 1-1.
Првото полувреме мина во апсолутна доминација н а Македонија, постигнавме еден гол, а можевме уште неколкупати да ја затресеме мрежата на гостите.
И во вториот дел имавме иницијатива да несреќниот автогол на Георгиевски, но бекот на Стеауа ја корегираше грешката само 6 минути подоцна, кога изнуди пенал. Ова беше првиот меч за Македонија во 2014 година како загревање за квалификацискиот циклус за пласман на ЕП 2016.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.