Најдобриот македонски фудбалер Горан Пандев по крајот на оваа сезона, најверојатно, ќе си замине од Неапол, а последен клуб што се заинтересира за него е Арсенал.
Со оглед на тоа дека ја загуби улогата на првотимец кај Рафа Бенитез, почнаа шпекулации дека Пандев по крајот на сезоната сигурно ќе си замине од Наполи. Останува само прашањето дали ќе остане и понатаму во Серија А или ќе се проба во некоја друга европска лига. Италијанските медиуми шпекулираат со евентуална понуда од Арсенал од осум до десет милиони евра за 30-годишниот напаѓач.
Имено, Венгер е свесен дека нападот останува главен проблем на „топчиите“ и верува дека играч со квалитетите и со искуството на Пандев може да помогне играта на неговиот тим да се крене на едно повисоко ниво.
Пандев во изминатиот период одби неколку интересни понуди со образложение дека сака да остане во Наполи, но со оглед дека не може да се избори за првотимски статус кај Рафа Бенитез, Пандев да го смени својот став и да прифати нов предизвик во кариерата, особено кога станува збор за гигант како Арсенал.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.