Поранешниот селектор на Англија, Свен Јеран Ериксон, ги демантираше обвинувањата од Сол Кемпбел, кој напиша во својата биографска книга: „Ќе бев капитен на Англија 10 и повеќе години ако бев белец“.
– Нема шанси за такво нешто. Не во мојата ера како селектор на Англија – изјави Ериксен, коментирајќи ги обвинувањата на Сол. Кемпбел објасни дека имал сѐ за да биде долгогодишен капитен на селекцијата на гордиот Албион, освен бојата на кожата. Црномурниот фудбалер беше еден од највлијателните фудбалери во неговата генерација.
– Имам чувство дека и луѓето од федерацијата сакаа да сум белец. Имав сѐ друго, и квалитет и авторитет, но ми останаа само 3 натпревари како капитен на Англија – напиша Кемпбел.
Многу коментари предизвикаа тврдењата на Сол, дел се позитивни, дел негативни, а од Фудбалската федерација на Англија засега немаат коментар.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Во 12.500 пораки го опишале одвратното злоставување на бебе и 5 годишно девојче: Мајката и љубовникот осудени на 50 години затвор
-
Кога Англија игра фудбал, Британците ги тепаат жените
-
По пауза од 28 години Англичаните се во полуфинале на фудбалското СП
-
Англичаните се спасија во судиското продолжение