Според последните гласини што доаѓаат од островот, Челси и Атлетико Мадрид во летниот преоден рок може да направат трампа на голманите.
Челси сака да го врати Тибо Куртоа на „Стемфорд бриџ“, а Атлетико за возврат би можел да го добие искусниот чешки голман Петр Чех, кој во тимот од Лондон помина девет сезони.
Репрезентативецот на Белгија со одличните одбрани потврди дека моментално е еден од најдобрите голмани во светот и дека заслужува место во Челси, а неколку пати посочи дека доколку тие не го сакаат, би можел да си побара и нов тим.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.