| четврток, 6 декември 2018 |

Вардар со прва пролетна победа на врвот на табелата

Во првото пролетно коло од Првата Македонска фудбалска лига Вардар со победата над Напредок во Кичево со 1-0 се искачи на врвот на табелата со три бодови предност пред конкурентите. Еднистветниот гол го постигна зимското засилување Илчо Наумоски кој постигна атрактивен гол кон крајот на првото полувреме. Вардар доминираше во текот на целиот натпревар, но до крајот на натпреварот не успеа но не успеа да ги реализира шансите кои ги направи.
Есенскиот шампион Хоризонт Турново на гостувањето во Штип против солдиниот тим на Брегалница забележа пораз од 2-0.
Поранешниот тренер на Турново Али Ѓунеш кој сега е тренер на Брегалница успеа да го совпада поранешниот тим со головите на Аксентиев уште во првата минута и Наумов во 71 минута.
Еуромилк направи исчекор кон горниот дел од табелта откако денеска забележа значајна победа од 2-0 во Гостивар. Работнички во дербито високо го порази Пелистер со 4-0. Баже Илиовски и Борче Маневски беа незадржливи за битолчани комбинирајќи 3 од четирите гола. Последниот беше дело на Тодоровски во 85 минута

Резултати:
Работнички – Пелистер 4-0, Напредок – Вардар 0-1, Металург – Ренова 1-0, Брегалница – Х. Турново 2-0, Гостивар – Еуромилк 0-2.
Утре се игра мечот Шкендија – Македонија ЃП.

Табела: Вардар 37, Турново 34, Работнички 34, Пелистер 34, Металург 33, Ренова 27, Еуромилк 26, Брегалница 25, Шкендија 23 (-1), Македонија ЃП 19 (-1), Напредок 13, Гостивар 11.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top