Тој рече дека неговата фирма го откупила долгот на Машинопромет кон Поштенска банка само за да не се отвори стечајна постапка. Тврдеше дека членовите на управниот и надзорниот одбор не добивале ни паушал за нивната работа…
Мирослав Шиповиќ на првото рочиште против него во случајот „Машинопромет“ тврди дека не направил злоупотреба на службената положба како претседател на управниот одбор на фирмата. Се бранеше дека ниту тој ниту некои од останатите 11-мина обвинетите не се стекнал со имотна корист од еден милион евра, ниту пак е направена штета на државата од 17 милиони денари. Тој рече дека неговата фирма го откупила долгот на Машинопромет кон Поштенска банка само за да не се отвори стечајна постапка. Тврдеше дека членовите на управниот и надзорниот одбор не добивале ни паушал за нивната работа.
„Тој како акционер во Машинопромет се трудел да ја подобри катастрофалната положба на фирмата која сеуште е со блокирана сметка и со крајни напори ги извршуваат своите обврски кон УЈП“, рече адвокатот Стерјо Зиков.
Пред судот, сопартијците на Шиповиќ од опозициската СДСМ, побараа негово ослободување.
Според обвинението, членовите на управниот и надзорниот одбор на Машинопромет, и покрај забраната за отуѓување имот, отпишале или ја намалиле вредноста на делови за товарни возила, по што ги продале како старо железо и се стекнале со противправна имотна корист. Стоката вредна над милион евра ја продале за само 250.000.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.