Очигледно е дека опозицијата не ги познава законите и процедурите за спроведување екстрадиција, изјави министерката за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска, на обвинувањата на СДСМ за екстрадицијата на претседателот на Советот на Општина Центар, Мирослав Шиповиќ.
– Ваквата нивна изјава не е ништо друго туку уште еден обид лица од опозицијата да вршат притисок врз работата на институциите. Меѓутоа, евидентно е дека институциите си ја работат својата работа и не потклекнуваат на притисоците од опозицијата кои се многу чести и веќе станаа правила на работа на СДСМ – изјави Јанкулоска.
Нејзината реакција се однесува на барање на СДСМ, Шиповиќ да се брани од слобода.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.