Зоран Заев е единствениот градоначалник кој беше фатен како бара мито од 200.000 евра, „едно евро за Вицето, едно евро за црквата“. Зоран Заев е единствениот градоначалник кој беше два пати аболициран. Еднаш за криминал од 8 милиони евра за „Глобал“ од страна на Бранко Црвенковски. Втор пат за случајот „Пуч“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
– СДС треба да го праша нивниот член Мирослав Шиповиќ од кого нивниот приврзок Жерновски од ЛДП, миленикот на Зоран Заев, земал 200.000 евра за самостоен настап на локалните избори. Работата и отчетноста се одлики на ВМРО-ДПМНЕ. Низ нашата работа и посветеност се допринесува за подобра локална самоуправа. За подобри улици, патишта, булевари, канализациони мрежи, училишта, градинки, спортски сали, паркови, локални индустриски зони, и многу многу други проекти. Нашата работа е таа која носи подобар живот во Македонија, подобар живот и подобра иднина. ВМРО-ДПМНЕ секогаш се грижи за потребите на граѓаните. ВМРО-ДПМНЕ пред граѓаните секогаш излегува со своја програма и отчетност за сработеното, стои во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.
И затоа, се додава, граѓаните на 15-ти октомври ќе го казнат СДС.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Протестен марш на ВМРО ДПМНЕ во 17 часот (во живо)
-
Отворено и транспарентно: ВМРО-ДПМНЕ со Јавен повик за кандидирање на членови на Комисии
-
Стоилковски: Заев и Спасовски да одговорат колку Иван Савидис е економски присутен во Македонија и дали има поврзаност со Владата
-
Што говореше за Уставот пред да се предомисли предавничката Александрова и да ги гласа измените? (видео)