| четврток, 6 декември 2018 |

Уапсените во „Претседавач“ пред истражен судија

Pretsedavac slika video

Половина од осомничените во акцијата „Претседавач“ дале исказ пред истражен судија. Кога ќе заврши распитот на сите осомничени ќе биде познато дали ќе им биде одреден притвор, предмалку јави Канал 5.

Досега се уапсени 11 лица кои според полицијата проневериле 1 милион евра од фирмата „Машинопромет“, продавајќи имот на фирмата иако имало отворена претстечајна постапка.

Првоосомничен во акцијата е актуелниот претседавач на Советот во центар, Мирослав Шиповиќ, кој од 2008 до 2011 бил претседател на управниот одбор на „Машинопромет“.

Во акцијата „Претседавач“ меѓу уапсените е и братот на Шиповиќ , вработени во Упрвата за јавни приходи и сопствници на приватни фирми.

Според полицијата, кога опремата на фирмата била прогласена за застарена и без вредност била продавана на отпад, но во текот на истрагата било утврдено дека дел од машините всушност се продадени на други фирми и уште се користат.

Шиповиќ за Канал 5 изјави дека е во Америка каде отпатувал поради операцијата на ногата на неговиот син, но поради случајот ќе се врати порано во Македонија, односно на 15-ти октомври.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top