| четврток, 6 декември 2018 |

Шиповиќ: Моето семејство нема да биде тема за политичко профитерство

sipоvic 4 (Custom)

Деталните урбанистички планови не се ставени на дневен ред затоа што е лето, зима или есен, туку затоа што имам законска обврска, и тоа без разлика дали се поднесени од еден советник или од цела советничка група и без разлика на која партија припаѓаат. Второ, да потврдам уште еднаш дека никогаш нема да гласам или да поддржам проекти кој се поврзани со проектот „Скопје 2014“. И тоа сум го правел и ќе го правам на дело, а не само на прес-конференции – посочи денеска пред почетокот на седницата на Советот на општина Центар, претседателот на Советот, Мирослав Шиповиќ.

Тој вели дека никогаш неговата судбина или судбината на неговото семејство нема да биде тема за политичко профитерство.

– Тоа нема да биде тема за профитерство ниту на мојот СДСМ, а уште помалку на ВМРО-ДПМНЕ. Јас не подлегнувам на притисоци од ниту една страна и тоа сум го докажал. Работам според законот и позитивната законска регулатива. Да ме интересираа пари и да правев какви било пазари тоа ќе го сторев на почетокот, немаше јас и брат ми да лежиме во затвор 8 месеци и да чекам текот на судскиот процес да покаже дека нема моја вина ниту криминал во случајот „Претседавач“, а потоа да правам пазар за мојата слобода – додаде Шиповиќ.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top