| четврток, 6 декември 2018 |

Видиќ се договорил со Интер

Капитенот на Манчестер јунајтед, Немања Видиќ, ги договорил сите детали за договорот со спортскиот директор на Интер, Пјер Аузилио, и од наредното лето ќе го носи дресот на нероазурите, пишува „Газета дело спорт“.

Според магазинот, Аузилио претходните неколку дена бил во Лондон, каде што со менаџерот на Видиќ ги договорил условите за соработка.

Станува збор за договор до 2017 година, со почетна годишна плата од 2,8 милиони евра, која со вклучени бонуси може да дојде до 3,3 милиони. На Видиќ договорот со Јунајтед му истекува ова лето и во Интер ќе дојде како слободен играч.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top