Македонскиот ракометен првак Вардар ќе има тешка мисија да изненади во нокаут фазата од Лигата на шампионите, бидејќи за противник ќе има една од трите првопласирани екипи во фазата по групи, Хамбург, Кил или Веспрем.
Дото германски екипи имаат и европски титули, Хамбург го брани трофејот, а Веспрем е екстремно силна екипа, кандидат и за фајнал-фор турнирот во Келн.
Вардар го освои четвртото место во Ц групата зад Барселона, ПСЖ и Металург. И македонскиот вицешампион Металург ќе има тешка задача, а на ждрепката во вторник за можни противници ќе ги има Рајн Некар, Колдинг или Флензбург.
И тука има две екипи од Германија, а веројатно најлесен можен ривал е данскиот Колдинг.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


