Најдобрата светска репрезентација, Шпанија која ги обединува двете највредни фудбалски титули, европската и светската ќе и биде домаќин на Македонија на стартот од новиот квалификациски циклус за пласман на ЕП во Франција за две години. Почнуваме против „црвената фурија“ на денот на независноста на Македонија, а на 8.септември, а последниот меч ни е повторно на гости, против Белорусија на 12 октомври следната година.
Најинтересните мечеви за публиката во Македонија ќе ги играме против Шпанија дома, на „Филип втори“ арената на 8 септември 2015 година и со Украина на истиот стадион еден месец подоцна, на 9. октомври.
Еве го комплетниот распоред на натпревари на македонската репрезентација:
1.коло – Шпанија – Македонија (8.септември, 20,45 часот)
2. коло – Македонија – Луксембург (9. октомври 20,45 ч.)
3. коло – Украина – Македонија (12. октомври 18 ч.)
4. коло – Македонија – Словачка (15. ноември 20,45 ч.)
5. коло – Македонија – Белорусија (27. март 2015 год. 20,45 ч.)
6. коло – Словачка – Македонија (14. јуни 2015 год. 20,45 ч.)
7. коло – Луксембург – Македонија (5. септември 2015 год. 18 ч.)
8. коло – Македонија – Шпанија (8. септември 2015 год 20,45 ч.)
9. коло – Македонија – Украина (9. октомври 2015 год. 20,45 ч.)
10. коло – Белорусија – Македонија (12. октомври 2015 год. 20.45 ч.)
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


