| четврток, 6 декември 2018 |

Во Чаир не им се допаѓа „Македонија“ (Видео)

сала чаирИмето Македонија  непожелно во скопски Чаир. Спортската сала која го носи името на државата а финансирана од Владата, деновиве беше мета на вандали. Тие со боја го премачкаа до целосна непрепознатливост називот на салата, објави Сител.

Ако се земе предвид дека вандалите качени на мини-кран “работеле“ среде бел ден на неколку десетици метри од општинската зграда,чудно е како од самата општина не го забележале актот.

Ова не е првпат македонските називи испишани кирилично на чаирските објекти да им пречат на дел од жителите на оваа општина.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top