Најтрофејниот македонски кошаркарски клуб Работнички стигна до десеттата победа во шампионатот, а триумфот е убедлив против Фени со 94-72. Уште поуверливо Струмица славеше против Карпош со 83-56.
Мечот во Скопје го одбележа враќањето на Дарко Соколов и импресивната партија на Владимир Брчков. Соколов постигна 14 поени во победата на Работнички, а вториот репрезентативец кај клубот од Дебар маало, Брчков беше најефикасен со 22 поени, 17 од нив во првото полувреме.
Струмица немаше проблеми против Карпош, а до победата ги предводеше тандемот Мареља со 18 поени и Хасанов со еден поен помалку. Поранешниот кошаркар на Работнички, Шарпер со 20 поени за Соколи беше најефикасен на мечот што се одигра во Струмица.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.