| четврток, 6 декември 2018 |

Венизелос влезе во македонското МНР, не му се допадна позадината (фото)

Грчкиот заменик-премиер и министер за надворешни работи, Евангелос Венизелос, во рамките на неговата турнеја низ шест главни града на земјите во западен Балкан, денеска во Скопје се сретна со македонскиот колега Никола Попоски.

Немаше заедничка прес-конференција, а причината засега остана тајна Министерот Попоски додека одговараше се заврте кон грбот на МНР, македонското и европското знаме и нагласи дека „можеби не му со допаѓа позадината“.

– Мене на пример многу ми се допаѓа, баш е убава – нагласи Попоски.venizelos-popovski-1

На едночасовната средба помеѓу Венизелос и Попоски, станало збор за плановите кои ќе бидат реализирани додека трае грчкото претседателствување со Советот на министри на Европска Унија. Но, за спорот за името не се разговарало.

– Со мојот грчки колега зборувавме за економските прашања, но и за заеднички политилки теми. Без разлика што Грција претседава со ЕУ, тие можат да ни помогнат да тргнеме напред кон нашиот пат до членство во Унијата, а можат и да ни одмогнат. Има посебна димензија претседателствувањето на Грција со ЕУ. Таа е земја со која во изминативе пет години имаме спротивни толкувања на нашите еуинтеграции. Едно е јасно, ние продолжуваме со реализација на нашите активности и спроведување на реформите зададени со европската агенда – вели Попоски.

Во својство на претседател на Советот на министри на ЕУ, тој денеска ќе оствари средба со премиерот, претседателот и со лидерот на опозицијата.

Фото: Ѓорги Личовски

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top