Професорката од Сан Диего останала бремена со својот поранешен студент. Таа вчера е ослободена од затвор поради повторено судење и можноста да и се дозволи породување на слобода. Триесетипет годишната Кели Мекензи Вотсон е обвинета за стапување во сексуален однос со малолетно дете. Врската со својот ученик ја започнала уште додеја му била професорка. Останала во врска со детето година дена.
Откако се дознало за целиот случај, Вотсон завршила во затвор, а дури подоцна се дознало за нејзината бремена состојба. Таткотот на детето пред суд изјавил дека не се смета себе си за жртва. Рекол дека ја сака Вотсон и како едвај чека да стане татко. Откако ја ослободиле, судот одлучил да и овозможи да отслужи условна казна како и да и дозволи по три години да се врати во школо како професор.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


