Професорката по математика, Аналиса Алтарива, била суспендирана откако ученици на Фејсбук „ископале“ нејзини секси фотографии.
Иако фотографиите се стари пет години и 33-годишната жена тогаш не работела како професорка, сепак училиштето одлучило да биде суспендирана.
Во објавите на Фејсбук кои ги пишувала во 2013 година, таа признала дека „премногу размислува за сексот“ и дека луѓето веруваат оти таа ќе стане порно ѕвезда.
– Ова не е шега. Какви луѓе ги опкружуваат моите деца? Не може да се занимаваш со таа професија и да се однесуваш на тој начин – изјавила една мајка, на чиј син предавала суспендираната, пишува „The Sun“.
Учениците си ги разменувале фотографиите по мобилните телефони, па така дознало училиштето. Тоа не сакало да го коментира случајот, а професорката и нејзиното семејство се кријат од јавноста.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Професорка уапсена за инцест, ученик ја препознал на „Порнхаб“
-
Професорка спиела со шест ученици, имала и секс во тројка
-
Неверојатната приказна на професорката што стана модна икона: Денеска таа е на сите насловни страни (галерија)
-
Почина проф. д-р Лилјана Тодорова, поранешен декан на Филолошкиот факултет