| четврток, 6 декември 2018 |

„Џек Рајан: Повик од сенка“ од четврток во „Синеплекс“

Том Кленси се враќа на големото платно со иконата на Џек Рајан и со интензивен трилер. Глобалната терористичка мрежа се активира, но и брилијантниот аналитичар на ЦИА (Крис Пајн) мора да се активира. А кому Рајан може да му верува? За време на московската зима, рускиот олигарх подготвува софистициран и суров финсиски терористички акт кој би можел да го уништи САД. Истовремено на Волстрит, ЦИА има нов регрут. Џек Рајан треба да ја превземе својата прва теренска задача која од канцелариската столица ќе го лансира директно во срцето на опасностите, притоа не знаејќи кој му е пријател а кој смртоносен непријател. Единственото нешто во кое може да е сигурен е дека секоја негова одлука може да го промени светот.
Jack Ryan 1

Лоренцо Ди Бонавентура, продуцентот познат по серијата на филмови „Трансформерс“, за филмот „Џек Рајан: Повик од сенка“ изјавува: „Сакавме да креираме модерна приказна за Џек Рајан, па затоа имате можност да го видите како студент па се до моментот кога станува регрут на ЦИА и е дел од најшокантните светски случувања. Го гледате развојот на неговиот карактер, како тој развива осет за добро и зло, како се справува со неговите односи и како се справува со прашања кои ќе го стават во опасност. Тој не е супер херој. Но, тој е некој кој во моментите кои бараат од него, одлично се справува со настанот – и секако ни носи многу возбудлива акција во оваа приказна.“

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top