
За тригодишната Алексис Мартин велат дека веројатно ќе биде попаметна од Алберт Ајнштајн, Бил Гејт и Стефан Ховкинг. Ова девојче ги воодушевува сите со својата неверојатна интелигенција. Неодамна е примена во МЕНСА, откако одлично ги решила тестовите кои покажале дека има 160 коефициент на интелигенција.
Родителите забележале дека Алексис е понапредна од своите врсниици штом почнала да зборува.
– Ги памтеше приказните за добра ноќ што и ги читавме, ама од почеток до крај, секој збор. Сама почна да учи шпански, преку ајпад. Книгите не ги испушта од раце. Постојано учи нови зборови и никогаш не ги користи во погрешен контекст – изјави таткото Јан за маериканските медиуми. Тој призна дека е истовремено и загрижен за нејзината иднина, бидејќи децата како Алексис често патат од анксиозност, тешко се вклопуваат во вообичајните програми бидејќи премногу отскокуваат од другите деца.
Во 2009 година Оскар Вригли од Рединг, Англија, беше најмладо дете на сите времиња кое влегло во МЕНСА. Тој стана член на две и пол години, а му беше измерен коефициент на интелигенција 160.
Според МЕНСА, знаците на надареност кај децата вклучуваат извонредна меморија, читање на многу возраст, нетолернатно спрема други деца и свест за светските настани.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


