Мирко Спасески како нов претседател на ФК Вардар, извршниот директор Самоил Симев и спортскиот директор Ѓоко Хаџиевски се новиот трилинг кај „црвено-црните“ што ќе треба да донесе промени во раководниот кадар со цел шампионот да забележи позначителни резултати на европската сцена. Во годините што следат основна мисија е за првпат Вардар да се пласира во фазата по групи во едно од двете најквалитетни европски клупски натпреварувања, Лигата на шампионите или Лигата на Европа на УЕФА.
– Преку ноќ не може да се остварат некакви спектакуларни резултати, но секако дека главна цел ни е Вардар во следните сезони да се пласира во Лигата на Европа или во Лигата на шампионите. Ќе работиме посветено, макотрпно, а бараме трпение и поддршка од сите на кои Вардар им е во срцето – изјави на официјалната промоција Мирко Спасески.
Тој беше капитен на Вардар во првата половина од последната деценија од минатиот век кога тренерската палка во клубот беше под контрола на Хаџиевски. Сега ќе соработуваат за нови успеси на „црвено-црните“ во малку поинакви улоги. Симев е ново лице кај шампионот, а тој ќе ја извршува функцијата извршен директор на Вардар.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


