| четврток, 6 декември 2018 |

Андреас Грос бара расправа за Македонија во Совет на Европа

sovet na evropa

Парламентарното Собрание на Советот на Европа (ПССЕ) иницира расправа за демократските процеси во Македонија. Иницијативата потекнува од швајцарскиот парламентарец Андреас Грос и дваесет други парламентарци-членови на Парламентарното Собрание.

„Инцидентот кој се случи во Скопје на 24 декември 2012 година, за време на кој полицијата спречи 42 пратеници од опозицијата да имааат пристап во Парламентот за да гласаат, открива сериозни проблеми со демократијата воопшто и парламентарната демократија посебно во земјата“, пишува во краткото образложение на подносителите кои доаѓаат од 17 држави-членки на Советот на Европа и од сите политички групи на ПССЕ.

Тие бараат од Парламентарното Собрание на Советот на Европа да ги проучат од блиску причините за овај инцидент, проблемите кои произлегоа од него во областа на демократијата и причините поради кои тензиите и конфликтите не беа решени на демократски начин. Исто така, бараат од ПССЕ да се види што може да биде направено за да се надминат овие проблеми со цел да се рехабилитира и зацврсти демократијата во Македонија.

Но, за да започне расправата, најпрвин ќе треба да се изјасни Бирото на паневропската асамблеја, а потоа најверојатно може прашањето Македонија да се најде и на пленарната сесија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top