германската канцеларка Ангела Меркел најави дека со францускиот премиер Франсоа Оланд ќе разговара за изградба на европска комуникациска мрежа со цел да се избегне мејловите и другите информации кои се испраќаат преку САД. Таа се залага за поголема заштита на информациите во Европа откако минатата година беше обелоденето дека НСА масовно ги следела електронските комуникации во Германија, па дури и нејзиниот мобилен телефон. Меркел истакнува дека не ја одобрува дејноста на Гугл и Фејсбук кои своите операции ги базираат во земјите со ниско ниво на заштита на податоците, а активни се во земјите како што е Германија, кои имаат висок праг на заштита на податоците.
-Ќе разговараме со Франција за тоа како да го задржиме високиот праг на заштита на податоците. Пред се ќе разговараме за европски провајдери кои би ја обезбедиле безбедноста на нашите граѓани, така што човек не мора да праќа мејлови и други информации преку Атлантикот, истакна германската канцеларка.
Од канцеларијата на францускиот претседател Оланд е потврдено дека двете држави веќе го разгледале ова прашање и дека Париз се согласува со ставовите на Берлин.
Шпионирањето во Германија особено е чувствително прашање поради практиката да се неадлгедуваат граѓаните во поранешната Источна Германија и во времето на Хитлер.
Германија засега безуспешно се залага за спогодба со САД за целосно елиминирање на шпоинските активности.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


