| четврток, 6 декември 2018 |

Наследникот на Меркел доаѓа од компанија што „управува со светот“?

Фридрих Мерк, кој е поранешен шеф на групата на Христијанската демократска заедница (ЦДУ) и нејзината сестринска баварско Христијанската социјална унија (ЦСУ), според германските медиуми е спремен да ја наследи Ангела Меркел.

Медиумите пишуваат дека Мерк бил спремен да се кандидира за наследник на Мекрел на чело на ЦДУ. Тој од 2016 година, додаваат медиумите, е раководител на операции за Германија на најголемата компанија за управување со средства во светот „Блекрок“.

Според податоците достапни на интернет, оваа американска корпорација, која исто така ја нарекуваат „светска компанија” бидејќи има удел во речиси секоја глобално значајна фирма, има 6,29 билиони долари.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top