| четврток, 6 декември 2018 |

Меркел повторно прогласена за најмоќна жена во светот

Американскиот бизнис магазин Форбс ја објави листата на сто најмоќни жени во светот за 2018 година, а на прво место, осма година по ред, е германската канцеларка Ангела Меркел.

Форбс во образложението наведува дека иднината на Меркел е неизвесна поради тоа што нема да се кандидира на изборите во 2021 година, но оти неоспорно е влијанието што го има како лидерка на Христијанскодемократската унија (ЦДУ) од 2000 година и како канцеларка од 2005 година.

На второ место е британската премиерка Тереза Меј, која во последните две години е на насловните страници поради обидот да ги спаси преговорите со Европска унија за Брегзит.

Трета највлијателна жена за годинава е директорката на Меѓународниот мометарен фонд, Кристин Лаград, која минатата година беше на осмото место на листата на Форбс.

На петто место е британската кралица Елизабета Втора, на шесто советничката во Белата куќа, Иванка Трамп.

На листата на Форбс за најмоќни жени во политиката хрватската претседателка Колинда Грабар-Китаровиќ е на 13. место е, додека српската премиерка Ана Брнабиќ е на 21 место.

На 17 место е високата претставничка на Европска унија за надворешна политика и безбедност Федерика Могерини.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top