| четврток, 6 декември 2018 |

„Нет Прес“: Македонец на таен состанок во Солун, рамо до рамо со Папандреу и Сорос?

Со силно обезбедување, во најголема тајност, во организација на Рокефелер, присуствувал и претставник од  Македонија, јавува дописникот на Нетпрес од Атина.
Според дописникот на скопската новинска агенција,  програмата и улогата на учесниците на состанокот, на кој што свој говор одржал и поранешниот грчки премиер Јоргос Папандреу, засега останува мистерија, пишува порталот “Њузбомб”.
Порталот понатаму пишува дека на состанокот присуствувал и Џорџ Сорос, кој добро и е познат на македонската јавност. Водач на фондацијата „Сорос“ во Македонија е Владимир Милчин, кој е поранешен член на СДСМ за кој неодамна комисијата за верификација на фактите утврди дека билсоработник на тајните служби во комунистичкиот режим. Присуството на Сорос не е официјално потврдено.
На тајниот состанок во Солун  присуствувале околу 53 лица – политичари, технократи, бизнисмени и претставници на невладини организации.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top