Горан Попов, сепак, нема да заигра за екипата на Болтон иако челниците на овој клуб ги имаа договорено сите детали за позајмица од редовите на ВБА.
И покрај тоа што англиските медиуми објавуваа дека трансферот е сигурен, сепак тој нема да се реализира по новата блокада од страна на ФА.
Блокадата од ФА беше ставена поради тоа што тој веќе е позајмен од страна на Динамо Киев во екипата на ВБА и нова позајмица во Англија едноставно не му е дозволена на клубот. Сепак, откако овој факт им стана јасен на сите инволвирани страни, Попов се врати во ВБА и продолжи да тренира со неговиот сè уште актуелен клуб.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.