Известувачот за Македонија во Европскиот парламент, Ричард Ховит, денеска во Скопје ќе има средба со вицепремиерот задолжен за евроинтеграции, Фатмир Бесими.
На средбата ќе се разговара за резолуцијата за Македонија што ЕП неодамна ја усвои, како и за процесот на македонската евроинтеграција.
Во резолуцијата Европскиот парламент уште еднаш го повика Советот на ЕУ да утврди без одлагање датум за почеток на преговорите за членство на Македонија во ЕУ. Притоа се нагласува и дека билатералните проблеми не треба да бидат пречка за почеток на преговорите, иако тие треба да бидат решени пред крајот на процесот за зачленување.
Ховит утре заедно со други еврвопратеници од редовите на социјалистите и демократите ќе учествува на конференцијата „Демократијата, владеењето на правото и слободата медиумите – клучни критериуми во напредокот кон Европската унија“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.