Најдобриот ракометар од редовите на Вардар, Русинот Тимур Дибиров, во неделата повторно беше жртва на публиката. Имено, на мечот со Динамо Минск кога судијата му покажа црвен картон на голманот Инаки Малумбрес, „Комитите“ почнаа да фрлаат тврди предмети, а една паричка повтроно заврши Дибиров. Претходно, со раскрвавена глава, ракометарот замина од теренот на пресметката со Металург пред неколку недели .
-Не, не сум лут на „Комити“, благодарение на нив остваривме важна победа. Тие се значаен дел од нашата екипа, претставуваат наш осми играч и нивната поддршка ни е потребна. Меѓутоа, сакам да упатам порака да не фрлаат со предмети во иднина, затоа што може некого посериозно да повредат, може да настане поголем инцидент, кој ќе биде на штета само на клубот, а тоа никој не го посакува. Ги повикувам веќе оваа недела, на натпреварот со Вакер Тун да дојдат и со коректно навивање, со голема поддршка и нова победа да го прославиме пласманот во топ-16 – вели Дибиров за весникот „Македонски Спорт“.
Вардар во недела игра против Вакер Тун, а натпреварот започнува во 18:00 часот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.