| четврток, 6 декември 2018 |

Вељаноски повика странски набљудувачи за претседателските избори

 trajko-veljanoski

Претседателот на Собранието на Република Македонија Трајко Вељаноски денеска ги повика претседателите на парламентарните собранија на ОБСЕ, на НАТО, на Советот на Европа и на Европскиот парламент да испратат набљудувачи за претстојните претседателски избори.

– Вељаноски ги извести и покани претседателот на Парламентарното собрание на ОБСЕ Ранко Кривокапиќ, претседателот на Европскиот парламент Мартин Шулц, претседателот на Парламентарното собрание на Советот на Европа Ан Брасер и претседателот на Парламентарното собрание на НАТО, Хју Бејли, за намерата да учествуваат во набљудувањето на изборот на претседател на Република Македонија да ја известат Државната изборна комисија, која ја утврдува процедурата за вршење на набљудување на изборите, се вели во сооштението од кабинетот на претседателот на македонското Собрание.

Поканувањето на меѓународни набљудувачи како кооперативен однос за остварување на нивната мисија, како што се посочува во соопштението, претставува значаен придонес за фер и демократски избори и потврда на демократскиот капацитет на институциите во Република Македонија.

Согласно членовите 161 и 162 од Изборниот законик, предвидено е дека целиот изборен процес можат да го набљудуваат меѓународни организации и претставници на странски земји и регистрирани домашни и странски здруженија на граѓани во чии статути е вклучено начелото на заштита на човековите права.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top