Францускиот интернационалец во редовите на Баерн Минхен и еден од најдобрите играчи во светот Франк Рибери поради операција ќе отсуствува од терените еден месец. Тој мораше да го оперира хематомот на долниот дел од грбот и сигурно ќе отсуствува во првиот натпревар од осминафиналето од Лигата на шампионите на кој Баерн ќе гостува во Лондон кај екипата на Арсенал. Првиот натпревар се игра на 19 февруари додека реваншот е закажан за 11 март. Од клубот најавуваат дека Рибери секако ќе биде во составот за реваншот во Минхен.
Баерн Минхен го брани трофејот освоен минатата година.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.