
Американската публикација „Аутомотив индустрис“ во текст со наслов „Македонија се етаблира како производствен центар“ објавен месецов, пишува за автомобилската индустрија во државава.
Американската публикација „Аутомотив индустрис“ (АИ), во текст со наслов „Македонија се етаблира како производствен центар“ објавен месецов, пишува за автомобилската индустрија во државава, пренесува „Алфа“.
Наведува дека Република Македонија стана нов центар за производители на автомобилски делови како резултат на близината на земјата до автомобилските фабрики во Централна Европа и во Турција, како и нејзината инфраструктура.
Географската близина на овие пазари заедно со ефикасната логистика, се вели во текстот, овозможуваат ниски трошоци за дистрибуција и брза испорака од Македонија.
Публикацијата вклучува и интервју со директорот на Агенцијата за странски инвестиции и промоција на извозот Висар Фида и економскиот промотор во САД, Дејан Величков.
„Аутомотив индустрис“ е најстарата во светот постојана публикација специјализирана за автомобилската индустрија. Основана е во ноември 1895 година, а ребрендирана во 1909 година.
„АИ“ е посветен на обезбедување глобална покриеност на сите аспекти на автомобилскиот пазар, со акцент на луѓето, производите и процесите кои ја обликуваат индустријата. Обезбедува повеќе од 18.000 производители и снабдувачи со релевантни вести, информации, увиди и анализи на глобални настани кои влијаат врз автомобилската индустрија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


