| четврток, 6 декември 2018 |

Жигосани на избори

По­ми­на це­ла не­де­ла отка­ко из­бра­ни­ци­те во ма­ке­дон­ски­от пар­ла­мент ги до­не­соа из­ме­ни­те на Из­бор­ни­от за­ко­ник. Се чи­ни де­ка по­пу­сто се мис­ле­ше оти со про­то­ко­лар­на­та љу­без­ност се за­вр­ши­ла ра­бо­та­та и де­ка не­ма да се слу­ша опо­зи­ци­ска­та ман­тра за не­фер и кри­ми­нал­ни из­бо­ри. Ба­рај­ќи влак­но во јај­це­то и ка­ко да се оправ­да нов из­бо­рен по­раз, СДСМ ги под­ло­жи гра­ѓа­ни­те на жи­го­су­ва­ње

TEMA2-rep74-1

Во до­не­се­на­та но­ва вер­зи­ја на Из­бор­ни­от за­ко­ник се вмет­на­ти за­бе­ле­шки­те на ОБ­СЕ/ ОДИХР и ба­ра­ња­та на опо­зи­ци­ја­та, кои без ни­ка­кво дво­у­ме­ње беа изг­ла­са­ни во Со­бра­ни­е­то. Но, и по­крај тоа, не стив­ну­ва­ат ко­мен­та­ри­те и ба­ра­ње­то при­чи­ни за по­втор­но да се слу­ша опо­зи­ци­ска­та ман­тра за не­фер, не­ре­гу­лар­ни и кри­ми­нал­ни из­бо­ри, ка­ко што ми­лу­ва да ги оце­ни ра­ко­водс­тво­то на СДСМ.

Та­кви­те от­стап­ки и огра­ду­ва­ња од до­не­се­но­то пра­те­нич­ка­та на СДСМ, Цве­тан­ка Ива­но­ва, го спо­ме­на уште на поз­драв­ни­от го­вор во Со­бра­ни­е­то, а исти­те те­зи про­дол­жу­ва­ат и од пар­ти­ско­то ра­ко­водс­тво пре­ку по­ра­ки­те на ли­де­рот Зо­ран За­ев.

– Од искус­тво зна­е­ме де­ка и нај­до­бри­от за­ко­ник не мо­же да га­ран­ти­ра фер и де­мо­крат­ски из­бо­ри ако не­ма по­ли­тич­ка вол­ја од тие што учес­тву­ва­ат во из­бор­ни­от про­цес – ре­че то­гаш Ива­но­ва.

– Се­кое не­по­чи­ту­ва­ње или за­о­би­ко­лу­ва­ње на за­ко­нот ќе зна­чи не­фер, не­чес­ни и не­де­мо­крат­ски из­бо­ри – по­ра­ча Зо­ран За­ев.

– Под­го­тве­ни сме да ги по­чи­ту­ва­ме си­те одред­би од Из­бор­ни­от за­ко­ник во кој при­фа­тив­ме да се вмет­не ре­чи­си сѐ што по­ба­раа од СДСМ. Ве­ру­вам де­ка по на­ред­ни­те из­бо­ри, кои СДСМ ќе ги за­гу­би, ќе сфа­тат де­ка мис­ле­ње­то на гра­ѓа­ни­те не се фор­ми­ра во пос­лед­ни­те 20-40 де­на, ту­ку за вре­ме на це­ли­от ман­дат – од­го­во­ри пре­ми­е­рот Ни­ко­ла Гру­ев­ски.

След­ни­от тест за ви­на­та на за­кон­ски­от текст за по­ра­зи­те на СДСМ се пре­тсе­да­тел­ски­те из­бо­ри. То­гаш ќе се ви­ди да­ли на­ви­сти­на по­ра­зи­те се по­ра­ди Из­бор­ни­от за­ко­ник.

TEMA2-rep74-2

 

Жи­го­са­ни од гла­са­ње

Да­ле­ку зад си­те прес-кон­фе­рен­ции по­вр­за­ни со из­ме­ни­те и со по­чи­ту­ва­ње­то на Из­бор­ни­от за­ко­ник се гра­ѓа­ни­те. Ка­ко из­ме­ни­те да не се од­не­су­ва­ат на нив. Ка­ко да гла­са­ат са­мо по­ли­тич­ки­те пар­тии, пар­дон опо­зи­ци­ја­та. Да­ле­ку од здрав па­мет е де­ка гра­ѓа­ни­те се сог­ла­си­ле опо­зи­ци­ја­та во нив­но име да ба­ра по гла­са­ње­то тие да ше­та­ат обе­ле­жа­ни уште нај­мал­ку три до пет де­на.

Во пре­зен­та­ци­ја­та на „по­стиг­на­то­то“, За­ев не од­во­ју­ва ни­ту три се­кун­ди за ма­сти­ло­то. Иа­ко ба­ра­ње­то за обе­ле­жу­ва­ње на еден прст со вид­ли­во ма­сти­ло не е дел ни­ту од пре­по­ра­ки­те на ОБ­СЕ/ОДИХР ни­ту од Ве­не­ци­јан­ска­та ко­ми­си­ја. Уште по­ве­ќе што струч­ња­ци по­со­чу­ваа де­ка тоа е за­ста­ре­на тех­ни­ка и не се ко­ри­сти во де­мо­крат­ски др­жа­ви.

Спо­ред до­го­во­ре­но­то, на­ме­сто ка­ко до­се­га со пр­ска­ње на пр­стот со ма­сти­ло кое е не­вид­ли­во со го­ло око, а кое се про­ве­ру­ва со УВ-лам­ба, се­га ќе се ко­ри­сти ма­сти­ло кое е вид­ли­во со го­ло око.

– На­ме­сто спреј и УВ-лам­ба, се во­ве­ду­ва вид­ли­во ма­сти­ло – про­чи­та За­ев при пре­зен­та­ци­ја­та на из­ме­ни­те од­во­ју­вај­ќи ду­ри че­ти­ри се­кун­ди за тој дел при­тоа не об­јас­ну­вај­ќи зо­што е по­треб­но тоа.

TEMA2-rep74-3

Во си­те по­ра­ки за вид­ли­во­то ма­сти­ло се ве­ли де­ка тоа ќе ис­чез­не за 24 ча­са. До­кол­ку, пак, се про­чеп­ка по искус­тва­та за вид­ли­ви­те ма­сти­ла за гла­са­ње во Ирак, Авга­ни­стан, Исто­чен Ти­мор или Су­ри­нам, на при­мер, ра­бо­та­та е мал­ку по­и­на­ква. Ма­сти­ло­то не мо­же да се от­стра­ни со ми­е­ње, тоа нав­ле­гу­ва дла­бо­ко во ко­жа­та, па се чи­сти, всуш­ност, со при­род­на за­ме­на на епи­те­лот. Зна­чи, до­де­ка да се об­но­ви ко­жа­та, а тоа трае од три до пет де­на. Со ба­ра­ња­та на СДСМ за во­ве­ду­ва­ње на овие де­мо­крат­ски пра­кти­ки при гла­са­ње, мно­гу е бит­но да би­де за­фа­тен и де­лот на но­ктот, од ка­де што, пак, ма­сти­ло­то ќе ис­чез­не ко­га но­ктот ќе по­рас­не, од­нос­но за две до че­ти­ри не­де­ли.

А, тоа се пред­ви­ду­ва и кај нас.

„По иден­ти­фи­ка­ци­ја­та, из­би­ра­чот до­би­ва гла­сач­ко лив­че и со вид­ли­во ма­сти­ло му се обе­ле­жу­ва па­ле­цот на дес­на­та ра­ка, од­нос­но па­ле­цот на ле­ва­та ра­ка до­кол­ку не­ма па­лец на дес­на­та, при­тоа вни­ма­вај­ќи со вид­ли­во­то ма­сти­ло да се оп­фа­ти и но­ктот на па­ле­цот“, се на­ве­ду­ва во при­фа­те­ни­те из­ме­ни.

Ако цел­та на СДСМ, спо­ред истак­ну­ва­ње­то, бе­ше да има каз­на за тие што ќе на­пра­ват ка­ков би­ло при­ти­сок за гра­ѓа­ни­нот со гла­сач­ко пра­во „да го вр­ши, да не го вр­ши или ка­ко да го вр­ши сво­е­то из­би­рач­ко пра­во“, то­гаш соз­да­де ус­ло­ви за ма­кси­ма­лен при­ти­сок од си­те стра­ни врз гра­ѓа­ни­нот за „да го вр­ши“.

Бла­го­да­ре­ние на опо­зи­ци­ско­то ин­си­сти­ра­ње, по ид­ни­те из­бо­ри тие што са­ка­ле да го ос­тва­рат сво­е­то пра­во да не се по­ја­ват на гла­са­ње, не­ма да мо­жат да го из­бег­нат пра­ша­ње­то „Гла­са­ше ли?“ со со­од­вет­ни­от не­кул­ту­рен од­го­вор „А, што ти е гај­ле“. Со­од­ве­тен, би­деј­ќи во раз­ви­е­ни­те де­мо­кра­тии, кон кои се стре­ми др­жа­ва­та, е не­кул­тур­но да се по­ста­ви тоа пра­ша­ње. Се­га е ед­но­став­но, се­га си­те што ќе са­ка­ат да го иско­ри­стат сво­е­то де­мо­крат­ско пра­во да не гла­са­ат, ќе би­дат жи­го­са­ни, од­нос­но не­жи­го­са­ни.
По след­ни­те из­бо­ри це­ло­то со­седс­тво, од до­ма, до ло­кал­на­та про­дав­ни­ца, ќе знае да­ли сте гла­са­ле. Всуш­ност, тие што не гла­са­ле ќе би­дат жи­го­са­ни и лес­на цел на тие што се страс­ни под­др­жу­ва­чи на не­ко­ја од оп­ци­и­те – а, ра­ка на ср­це, та­кви жи­ве­ат во се­ко­ја улич­ка, во се­кое на­се­ле­но ме­сто. Се­га не­жи­го­са­ни­те лес­но ќе би­дат пре­поз­на­ва­ни и од ко­ле­ги­те на ра­бо­та и од ше­фо­ви­те та­му ка­де што ра­бо­тат. На при­мер, За­ев ќе си знае во Стру­ми­ца кој не из­ле­гол на гла­са­ње. Па, на­ме­сто спи­со­ци на си­гур­ни гла­со­ви, си из­дејс­тву­ва обо­ен прст.

Та­ка ќе се спре­че­ле не­за­ко­ни­то­сти на из­бо­ри­те. Оние не­за­ко­ни­то­сти што не ги пре­поз­на­ва ни­ту ОБ­СЕ/ОДИХР ни­ту Ве­не­ци­јан­ска­та ко­ми­си­ја. Се­га може да се оче­ку­ва де­ба­та ка­ква бо­ја ќе би­де ма­сти­ло­то, на при­мер. Кол­ку за ин­фор­ма­ци­ја, нај­че­сто е ви­о­ле­то­ва, односно тем­но­си­на, но во Су­ри­нам, на при­мер, се ко­ри­сте­ло и пор­то­ка­ло­во ма­сти­ло. Мо­же­би ќе се ба­ра да се во­ве­де анекс во За­ко­ни­кот по евен­ту­ал­но из­бор­но не­за­до­волс­тво, из­би­ра­чот да има из­бор и на бо­ја­та на ма­сти­ло­то. Па, тој што е за акту­ел­на­та власт да се обе­ле­жи со пор­то­ка­ло­во, а тој што е за опо­зи­ци­ја­та ви­о­ле­то­во.

 

Без­бед­ност во бо­ја

Ако се пре­ба­ра мал­ку на ин­тер­нет, ќе се ви­ди де­ка, те­о­рет­ски, ма­сти­ло­то мо­же да се са­бо­ти­ра со – ле­пи­ло. Она­ка ка­ко што де­ца­та во гра­дин­ки­те си игра­ат со теч­ни ле­пи­ла, лу­пеј­ќи ги ка­ко ко­жин­ки по сон­ча­ње. На­мач­ка­ни­от слој ле­пи­ло кај гла­са­чи­те во Авга­ни­стан не доз­во­лу­вал да се впие ма­сти­ло­то во ко­жа­та. Ко­ри­сте­ње­то ма­сти­ло во Ма­ле­зи­ја, на при­мер, би­ло отка­жа­но отка­ко е откри­е­но иле­гал­но ма­сти­ло од Тај­ланд. Низ од­да­ле­че­ни­те се­ла, дел од пар­ти­ски вој­ни­ци, зна­еј­ќи ги „спро­тив­ста­ве­ни­те“ гла­са­чи, на­си­ла им ги пре­мач­ку­ва­ле пр­сти­те ве­чер­та пред из­бо­ри­те за да не мо­жат да го да­дат сво­јот глас. Искус­тво­то во Зим­баб­ве од 2008 го­ди­на, пак, по­ка­жу­ва де­ка тие што од­лу­чи­ле да не гла­са­ат би­ле на­па­ѓа­ни од на­сил­ни под­др­жу­ва­чи. Се­ка­ко, ги поз­на­ва­ле по не­о­бо­е­ни­от прст.

Не­кој ќе ре­че де­ка Ма­ке­до­ни­ја е да­ле­ку од Авга­ни­стан, Ма­ле­зи­ја, Су­ри­нам, Исто­чен Ти­мор или Зим­баб­ве, де­ка, се­пак, е европ­ска др­жа­ва, кан­ди­дат за членс­тво во ЕУ, со ис­пол­не­ти кри­те­ри­у­ми и со из­бо­рен про­цес кој до­би­ва по­зи­тив­ни оцен­ки од ме­ѓу­на­род­ни­те ин­сти­ту­ции. Но, ток­му на­ве­де­ни­те др­жа­ви се друш­тво­то во кое СДСМ ја сме­сти Ма­ке­до­ни­ја со ин­си­сти­ра­ње­то за вид­ли­во ма­сти­ло. Ба­рем во тие 96 ча­са кол­ку што е по­треб­но за ма­сти­ло­то да ис­чез­не од ко­жа­та на гра­ѓа­ни­те. Но, се­пак, бе­ле­гот ќе оста­не. До след­ни­те из­ме­ни на Из­бор­ни­от за­ко­ник.

(Пишува: Наум Стоилковски
Текст објавен во 74. број на неделникот „Република“, 31.01.2014)

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top