| четврток, 6 декември 2018 |

„Д кјур“ се враќа со нов албум

Популарната британската рок-група „Д кјур“ оваа година го најавија објавувањето на нивниот 14. студиски албум.

Групата го снимила албумот во времето кога беше објавен и последниот „LP 4:13 Dream“ од 2008 година, а новото дело, најверојатно, ќе носи наслов „4:14 Scream“.

„Д кјур“, исто така, ќе објави концертни снимки, а оваа година ќе одржи уште една турнеја „Trilogy“. Нивната оригинална турнеја „Trilogy“ од 2002 година ги однесе на неколку фестивали и концерти во Брисел и во Берлин, на кои ги свиреаја песните од албумите „Pomograthy“, „Disintegration“ и „Bloodflowers“.

На турнејата „Reflections“ од 2011 година изведуваа песни од албумот „Three Imaginary Boys“, „Seventeen Secends“ и „Falth“.

„Д кјур“ на 28 и на 29 март ќе одржи концерти во лондонскиот „Ројал Алберт“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top