Градоначалникот на Општина Центар, Андреј Жерновски изминатиов период јасно стави до знаење дека е против менување на фасадите во центарот на Скопје, а од друга страна денеска најави реконструкција на голем број фасади, пишува „Курир“.
Жерновски најави дека неговата општина обезбедила средства за уште 11 нови објекти кои ќе имаат енергетско-ефикасни фасади, слични како зградата „Папагал“, која се наоѓа во близина на гимназијата Јосип-Броз Тито и која денеска предизвика револт кај граѓаните на Центар, поради нејзиниот изглед.
И додека Жерновски во изминатиот период остро се противеше на промена на фасадите на ГТЦ, но и на зградата на ЕЛЕМ и ЕВН, тој денеска промовираше стил кој наиде на низа критики од жителите на Општина Центар, кои очигледно не се задоволни од вкусот за архитектонски стилови и дизајн на Жерновски.
-Не ни се допаѓа воопшто, како велигденско јајце е. Како Битпазар да е, а не Центар, ова изгледа смешно. Навистина е грда, изјавија разочарани граѓани, кои коментираат дека со овој чекор нивната Општина е поразнобојна и од Шуто Оризари и од најурбана општина, станува општина за потсмев.
Жерновски беше против проектот „Скопје 2014“ но сега се реши и тој да обновува фасади во Центар, по само неколку месеци откако седна во градоначалничката фотеља.
Жерновски и СДСМ денеска понудија алтернатива на барокот, т.н. папагал архитектура која не наиде на позитивни коментари кај граѓаните на Општина Центар. Оваа папагал архитектура е посоодветна за стилот на Индија или пак за некои неразвиени градови во кои се користела пред повеќе од 20 години.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.



